Престрелка на шампионската парада на Торонто, неколку повредени и уапсени

0

Шампионската парада на Торонто се претвори во вистински акционен филм откако се случи инцидент кој остави црна дамка на прославата на историската шампионска титула на Торонто Репторс.

Возбудата на навивачите при првата титула на единствениот досега канадски шампион во најсилниот кошаркарски шампионат во светот очигледно беше преголема и на крајот дојде до лоши сцени при поминувањето на трофејот на плоштадот „Нејтан Филипс”. Уапсени се двајца мажи кои употребиле огнено оружје и пукале, а притоа повредиле четворица навивачи кои биле присутни на плоштадот.

Пукањето предизвикало паника на улиците при што луѓето почнале панично да бегаат, токму тоа било причина да има десетици повредени. Од полицијата го истражуваат случајот, а засега првичната информација е дека имало конфликт меѓу двајцата мажи кои имале оружје и го употребиле за да се пресметаат.

Полицијата во Торонто потврдила дека оние кои имале прострелни рани се надвор од животна опасност.

Share.

Leave A Reply