Во Самобор, се одржа 28-миот по ред карате турнир ,,ГРАНД ПРИ КРОАЦИЈА,, на кој се појавија 1611 каратисти од 24 држави од целиот свет. Каратистите на Макпетрол постигнаа извонреден успех освојувајќи 6 медали. Од кои 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзен.
Медали освоија:1. Петар Заборски сениорска конкуренција апсолутна категорија бронзен медал.2. Петар Спасеновски златен медал постари јуниори категорија -84 кг.3.Абдурахим идризи сребрен медал постари јуниори У21 -60 кг.4. Ангела Мојсовска бронзен медал постари јуниори У21 -68 кг.5.Глигор Петков јуниори +76 кг. 6.Стефан Стојанович кадети + 70 кг.
Најдобар впечаток оставија Петар Заборски во елитниот натпревар во сениорска конкуренција борби, во апсолутна категорија и Петар Спасеновски во групата на постари јуниори(У21), освојувајќи го златниот медал.