Презакажани мечевите на Вардар и Шкендија во Купот

0

Поради настапите на македонските фудвалски тимови во плеј-офот од Лигата на Европа, дуелите на Вардар и Шкендија во 1. коло од Националниот Куп се одложени.

Како што објавија од Фудбалската федерција, средбите Локомотива – Вардар и Гостивар – Шкендија, место во среда на 16 август ќе се одиграа на 30 август.

Со ова ФФМ им излезе во пресрет на нашите претставници во Европа, кои на 17 август ќе ги играат мечевите со Фенербахче и Милан. Вардар и Шкендија засега немаат побарано од ФФМ одложување на првенствените натпревари за 20 и 27 август.

Share.

Leave A Reply