Сосема очекувано, приходот на Манчестер Јунајтед за првите шест месеци од финансиската година (до декември 2019 година) се намалени за скоро 12% од претходната година, се вели во клупскиот извештај објавен денес од потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард.
Главната причина за тоа е фактот што екипата не игра во Лигата на шампионите. Најголем пад има кај приходите од телевизиски права, што се намалени за 33,4% во текот на овој период. Сепак, приходите од реклами се зголемиле за 6,5%. Вкупниот приход за финансиската година 2020 година се очекува да биде помеѓу 560 и 580 милиони фунти.
Отстапувањето е видливо, приходот за фискална 2019 година што заврши минатиот јули изнесуваше 627 милиони фунти. Овие податоци го симнаа Манчестер Јунајтед на третото место на списокот на најбогатите клубови. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат зад Барселона и Реал Мадрид. Манчестер Јунајтед веројатно ќе изгуби уште неколку позиции на овој ранг листа следната година.