Македонската клупска кошарка ќе добие свој преставник во АБА кошаркарската лига, а тоа се очекува да биде официјализирано во текот на денешниот ден.
Ова стана јасно откако дефинитивно тимот на Приморска го откажа своето учество во АБА конкуренцијата. Приморска од Копер дефинитивно се откажа, па во новата сезона од АБА лигата ќе има македонски претставник. Словенечкиот клуб се најде во големи финансиски проблеми, иако досега се бореше со сите сили да остане дел од елитата.
Од Приморска ги информирале играчите дека се без обврски и можат да бараат нови клубови. Оваа словенечка екипа во 2019 годин освои четири трофеи (шампионатот на Словенија, Купот и Суперкупот на Словенија, како и титулата во АБА2 лигата, со која обезбедија место во најдобрата АБА лига).
МЗТ Скопје, кој минатата сезона беше третопласиран во АБА2 лигата, денес ќе ја чека и официјална информација за добивањето на место во АБА лигата. Според планот новата сезона во АБА лигата треба да започне на почетокот на следниот месец, а доколку МЗТ Скопје го завземе местото на Приморска ќе треба д агостува кај ФМП.