Проблем за Реал, Навас неизвесен за мечот со Тотенхем

0

Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас може да го пропушти дуелот од Лигата на Шампионите со Тотенхем идната недела, соопштуваат медиумите во Шпанија.

Навас има повреда на десната нога и сигурно ќе го пропушти саботното градско дерби со Гетафе. Костариканскиот голман во екипата на Реал Мадрид доби повредата за време на натпревар од светските квалификации со Хондурас минатата недела. Дуелот заврши 1:1 и со него Костарика се квалификуваше на Светското првенство.

Средбата со Тотенхем е следниот вторник на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Досега, двете екипи имаат 6 бодови во две натпревари и се директни конкуренти за првата позиција на табелата во својата група.

Share.

Leave A Reply