Проблеми со Ковид-19 во Манчестер Јунајтед

0

Дел од стручниот штаб на Манчестер Јунајтед беше позитивен на КОВИД-19 на последното тестирање во Премиер лигата, пренесува „Мирор“.

Весникот не ги споменува имињата, туку само прецизира дека бројот на оние кои дале позитивни тестови е три. Изданието додава дека ова се случи непосредно пред да замине екипата за Торино на 1/16-финалето против Реал Сосиедад и тие не беа дел од групата за натпреварот. Ситуацијата нема да влијае на денешниот домашен натпревар од 25. коло во Премиерлигата со Њукасл кој се игра од 20:00 часот.

Манчестер Јунајтед ја потврди веста пред неколку минути со официјално соопштение во кое се вели дека во стручниот штаб на првиот тим ќе се приклучат Ники Бат, кој работи како врска меѓу школата и првиот тим, како и Марк Демпси, кој е тренер во фудбалската школа на тимот, а ќе бидат денес со првата екипа.

Share.

Leave A Reply