Проблеми за Гатузо пред дербито со Јувентус

0

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, има сериозни проблеми со составот на својата екипа пред големото дерби со Јувентус.

При синоќешниот нерешен резултат 1:1 со Бетис во Лига Европа различни повреди добија Матео Мусакио, Хакан Чалханоглу и Патрик Кутроне. Сите тројца се неизвесни за натпреварот на „Сан Сиро“ во неделата.

Со повреди кај „росонерите” се уште Матија Калдара, Давиде Калабрија, Бонавентура и голгетерот Гонзало Игуаин. Популарниот Ел Пипита има проблеми во половината и се одмораше против Бетис да биде здрав за настап против неговиот поранешен тим Јувентус, но неговото учество се уште не е сигурно.

Најлошоа е ситуацијата со Лукас Билија. На официјалната страница Милан објави дека повредата на Аргентинецот е посериозна од очекуваното. Тој има искинат мускул и нема да игра во следните 4 месеци.

Пред дербито со шампионот „црвено-црните” го заземаат 4-то место со 21 бод, а Јувентус е лидер со 31 бод. Екипата од Торино е во серија од 5 последователни победи над Милан во сите натпреварувања, а со повреди кај Масимилијано Алегри се Емре Чан, Леонардо Спинацола, Федерико Бернардески и Даглас Коста. Се очекува последните двајца да бидат во составот на тимот за оваа средба.

Share.

Leave A Reply