Проблеми за ПСЖ, се повредија Мбапе и Кавани

0

Напаѓачите на ПСЖ, Килијан Мбапе и Едисон Кавани се повредија на натпреварот од третото коло на Лига 1 против Тулуз (4:0).

Кавани го напушти теренот веќе во 14-та минута, повредувајќи го мускулот. Мбапе беше заменет во 66. минута исто така поради повреда. На оваа средба на повреда се пожали и дефанзивецот Абду Диало. Во текот на денешниот ден очекуваме овие играчи да поминат дополнителни детални прегледи по шро ќе се знае сериозноста на нивните повреди и колку време ќе им биде потребно за санирање на истите.

Од друга страна се поголеми се пишувањата дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ, но сега ќе се чека какви ќе бидат резултатите од прегледите на Кавани и Мбапе, затоа што доколку ги очекува подолга пауза, тешко дека ПСЖ би се одлучил да го продаде Нејмар.За бразилскиот фудбалер интерес има од Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Share.

Leave A Reply