Продолжува фудбалската магија во елита

0

Од денеска започнува 1 / 8 финалето или елиминацискиот дел во Лигата на фудбалските шампиони. Првите мечеви ќе бидат во Италија и во Швајцарија. Тоа се: Јувентус-Тотенхем и Базел-Манчестер Сити.

Реално, средбата во Торино според имињата на учесниците ќе го фрли во втор план мечот под швајцарскиот дел на Алпите. „Старата дама“ која е во серија од 16 средби без пораз во сите конкуренции, ќе го пречека голгетерски расположениот Тотенхем предводен од првиот стрелец на Премиерлигата, Хари Кејн. Во првата постава на популарните „Спарси“ најверојатно ќе ги видиме: Лорис, Дејвис, Вертонген, Санчез, Орие, Дембеле, Даер, Ванјама, Ериксен, Али и Кејн. Средбата меѓу Јувентус и Тотенхем на стадионот во Торино ќе го води Феликс Брух од Белгија.

Уште еден тим од Англија денеска ќе се појави на гостински терен во рамките на воведниот дел од 1/8 финалето во ЛШ. Лидерот на Премиерлигата, Манчестер Сити,  ќе го гледаме на стадионот – „Св. Јаков парк”. Историјата на Лигата на шампионите не е на страната на Швајцарија. Ниту еден тим од алпската земја досега не влегол во 1/8 финалето. За домаќинот треба да се појават: Вазлик, Ланг, Даи, Баланта, Петрета, Т.Џака, Дие, Стокер, Елуси, Буа, Оберлен. За гостите од Англија во првите 11-ет треба да стартуваат: Едерсон, Делфт, Отаменди, Стоунс, Вокер, Гундоган, Фернандино, Де Бруин, Д. Силва, Агуеро и Стирлинг. Средбата меѓу Базел и Манчестер Сити ќе започне од 20.45 часот а ќе ја води ЈОнас Ериксон од Шведска. Возбудувањата во ЛШ ќе можете да ги следи и на програмата на Спортско радио 90,3 фм.

 

Share.

Leave A Reply