Продолжува Лигата на Шампионите

0

Денеска продолжува Лигата на фудбалските шампиони. Од 21.00 часот во Торино, Јувентус ќе го пречека Порто. Гостите на хартија имаат предност од 2-1 што значи дека „старата дама“ ќе мора да оди на победа за да продолжи во 1 / 4 финалната фаза.

Што вели статистиката?  Јуве и Порто имаат одиграно 5 средби. Италијанците имаат 3 победи, еден меч завршил нерешено додека на една средба се радуваа Португалците. Гол разликата е 7-3 за „старата дама“. Италијанците имаат две титули во Лигата на шампионите. Тоа се случи во сезоните 1984–85 и 1995–96.  Составот од португалскиот дел на Пиринеите исто така има два пехара од елитната конкуренциај на Европа. Првиот е освоен во сезоната 1986–87 а вториот во сезоната 2003–04. Можни состави. Јувентус: Шчесни,Квадрадо, Бонучи, Де Лихт, Сандро, Киеза, Рабиот, Артур, Рамси,  Мората и Роналдо. Порто: Маркешин, Манафа, Пепе, Лајте, Заиду, Оливеира, Урибе, Отавио, Корона, Марега и Тареми. Дуелот ќе биде одигран во Торино а ќе го суди Бјорн Кујперс од Холандија.

Во вториот  вечерен меч од 21.00 часот  Борусија Дортмунд ќе ја пречека Севилја. Германскиот тим е на пат да обезбеди место во четврт-финалето  бидејќи на првата средба во Шпанија славеше со 3:2. Борусија Дортмунд само еднаш го освоила врвот на Европа и тоа во сезоната 1996–97. Што се однесува до Севилја тоа е состав кој се специјализираше за Лигата на УЕФА. Таму е рекордер со 6 освоени пехари додека во ЛШ сеуште го чека првиот трофеј. Можни состави. Борусија Дортмунд: Хитц; Муниер, Чан, Хјумелс, Шулц, Делани, Белингем, Даху,Ројс, Азар и Халанд. Севилја: Боно, Навас, Кунде, карлос, Акуна, Жордан, Фернандо, Окампос, Ракитиќ, Гомез, Ен-Насри. Средбата во Германија ќе ја суди Чунеј Чакар.

 

Share.

Leave A Reply