Продолжува војната со зборови меѓу Де Бур и Мурињо

0

Фудбалски стратег, Франк де Бур не ја пропушти шансата да му врати на Жозе Мурињо кој јавно истакна дека Холанѓанецот е најлошиот менаџер во историјата на Премиер – лигата.

Португалецот на клупата на Манчестер Јунајтед беше испровоциран откако Франк на „Беин Спортс“ ја критикуваше играта на „црвените ѓаволи“ во Премиер конкуренцијата. Сега по елиминација на четата на Мурињо во Лигата на шампионите, Холанѓанецот доби шанса за реванш.

„Мурињо може да каже дека јас сум најлошиот менаџер во историјата на Премиер лигата. Нема проблем. Сепак, синоќа видовме менаџер кој во кариерата потрошил милијарда евра за трансфери а неговите екипи играат како Манчестер Јунајтед. Трагично“ – вели Де Бур.

Share.

Leave A Reply