Македонската судијка, Ива Пројковска, која во моментов е нашата најдобра фудбалска судијка, е делегирана за главен делител на правдата на еден квалификациски меч. И тоа оној меѓу Белгија и Литванија, меч кој се игра на 12 ноември а е во рамките на квалификациите за ЕП.
Нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклевска Илиевски, Вјолца Изеири и Ирена Велевачкоска.