Претседателот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер, не го прифатил барањето на Спортинг за потписот на Бруно Фернандеш, објавија медиумите на Островот.
Откако португалскиот клуб побарал 80 милиони евра за да го пушти одличниот голгетер да замине во Англија, Глејзер веднаш реагирал и побарал да се прекинат преговорите.
„Црвените ѓаволи“ претходно испратија понуда од 60,5 милиони евра со тоа што 50-етод нив да бидат исплатени веднаш а другите би се исплатиле во форма на бонуси под одредени услови.