Шпанските медиуми тврдат дека најавениот трансфер на Луис Суарез во редовите на Јувентус нема да се случи.
Весникот, „Ел Мундо Депортиво“ не открива детали, но, наведува дека играчот на Барселона требаше да потпише договор со „Старата дама“ за две плус една година и да добива по 10 милиони евра на сезона.
Во секој случај Суарез е на излезната врата од – „Камп Ноу“ откако новиот тренер, Роналдо Куман, лично му посочи дека не го планира за претстојните натпревари.