Просечната цена на билет во Премиерлигата е 32 фунти

0

Просечната цена на билетот за натпревар од Премиерлигата оваа сезона е 32 фунти. Тоа го покажува истражувањето, базирано на ценовникот на 20-те клуба од елитата во Англија.

Истражувањето покажува дека повеќе од половина од сите фанови кои посетиле натпревари во Премиер лигата, платиле 30 или дури и помалку од 30 фунти за еден натпревар.

34% од сопствениците на сезонски карти пак платиле пониска од номиналната цена, бидејќи имаат корист од попусти за лојалност и рана продажба.

Просечната цена на влезниците при гостување изнесува 26 фунти, благодарение на минатогодишното договор помеѓу клубовите, според кој во наредните три сезона ќе има максимална цена од 30 фунти за гостински навивачи. Официјалната статистика покажува дека 74% од навивачите на стадионите се носители на сезонски билети.

Share.

Leave A Reply