„Проветрување“ во Милан во повеќе нивоа

0

Паоло Скарони ја доби улогата на в.д. претседател на фудбалскио состав Милан. Со тоа се остварија најавите на американскиот инвестициски фонд – „Елиот менаџмент“, дека кинескиот бизнисмен, Јонгхонг Ли, кој досега ја имаше таа улога, ќе мора да си замине од клубот.

Отказ доби и досегашниот извршен директор, Марко Фасоне. Неговиот заменик допрва ќе биде одреден.

Промени имаше и во другите раководни тела кај „росонерите“. Ќе потсетиме дека Спортскиот арбитражен суд вчера делумно ја прифати жалбата на Милан поврзана со забраната за настап во Европа и му дозволи на италијанскиот тим да се врати во евро-конкуренцијата од наредната сезона.

 

 

Share.

Leave A Reply