Прв олимписки медал на ЗОИ за брачна двојка од Русија

0

Сопружниците Анастасија Бризгалова и Александар Крушелницкиј и донесоа на Русија бронза во мешани двојки на турнирот во карлинг на ЗОИ во ПјонгЧанг.

Во малото финале руската двојка беше подобра со 8:4 против Норвежаните Кристин Скаслиен и Магнус Недреготен.

За овој брачен пар кој ја освои оваа олимписка бронза ова не е прв медал на големо натпреваруавање. Брачната двојка се светски шампиони во 2016 година.

Медалот во ПјонгЧанг сепак е историски, бидејќи е прв од олимпијада во историјата на карлингот за Русија. Ова е третиот медал за спортистите од Русија кои настапуваат подолимпиското знаме на овие ЗОИ.

Share.

Leave A Reply