Прв он-лајн шампионат во традиционално карате

0

Oд 16 до 18 јули 2020 година за прв пат во историјата ќе се одржи ИТКФ он-лајн Медитерански шампионат во традиционално карате – (кати) за кадети, јуниори и сениори.

Ќе учествуваат 188 напреварувачи од 22 земји меѓу кои и Македонија. За  нашата селекција  во кати ќе настапат: Дејан Недев, Аљоша Недев, Спасе Стојанов, Јане Бургов, Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска, Ведран Андоновски, Александра Стојановска и Максим Илиев.

Изведбите на катите на сите напреварувачи се снимени со видео камери и испратени до судиските комисии кои ќе гласаат со оценки он-лајн.  Судии од Македонија кои се делегирани се: Венцислав Недев, Дејан Недев, Аљоша Недев и Јадранка Недева.

Share.

Leave A Reply