Фудбалскиот клуб Болоња синоќа објави дека еден член на стручниот штаб е заразен со коронавирусот, поради што целиот тим ќе оди во карантин. Според вестите од Апенините, постои сомнеж дека во тимот на Синиша Михајловиќ, еден од вработените е позитивен на КОВИД-19.
„Додека чекавме дополнителни резултати, решено е дека тренинзите ќе продолжат утре, индивидуално и во различно време, без користење на заеднички тренинзи. Доколку се потврди позитивниот случај, тимот ќе тренира во изолација“, се наведува во соопштението на Болоња .
Ова ќе биде прв случај на инфекција во Серија А, бидејќи на тимовите им беше дозволено да тренираат во групата.