Прв случај на коронавирус и во мото-шампионатот

0

Возачот на тимот на Ред Бул КТМ Ајо, Хорхе Мартин е позитивен на коронавирус, па затоа ќе го пропушти Гран прито на Сан Марино и Римини оваа недела во категоријата Мото2. Мартин е првиот возач во која било од трите класи на Светскиот шампионат во мотоциклизам, кој е заразен со коронавирусот од почетокот на сезоната.

Следните неколку дена младиот Шпанец ќе ги помине во карантин, како и луѓето од тимот кои биле во близок контакт со него.

Мартин е шампион во категоријата Мото3 од 2018 година, а веќе подолго време се шпекулира дека од следната сезона ќе се пресели во шампионатот на Мото ГП како возач на Прамак Дукати.

Share.

Leave A Reply