Прва европска радост за Металург

0

Засилен, одморен и расположен за игра, Металург успеа да допјде до првата овосезонска победа во Лигата на шампионите. Предводен од одличниот на голот, Никола Даниловски, одморените млади ракометари и свежината која ја внесе триото Шпенде, Пучник и Риберио, Данило Брестовац успее да направи победнички тим и да ги совлада Чеховски Медведи.

Откако во текот на целиот меч водеа, на крајот малку паднаа во играта и дозволија противникот да им се доближи само на еден гол. Сепак, присебноста во одбраната ги донесе до првата победа со 25-24 (16-10).

Најдобар стрелец кај Металург беше Димитриоски со пет гола, а Токиќ, Шпенде и Серафимов имаа по четири гола.

Share.

Leave A Reply