Први настапи на возачите на МК Ендуро Тим Водно оваа сезона

0

Клубот МК ЕндуроТим Водно овој викенд беше учесник на неколку натпревари воразлични категории.

Викендов се возеше првата трка во Бму Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која сеодржа во Серес – Грција.

Натпреварувачот Христијан Бузалковски се натпреваруваше во две класи,во класата СП125 и во класата Ф600 каде беше дебитант.

На квалификациите во класата Ф600 имаше фантастично трето време во конкуренција на 22 возачи. За жал на првата трка неговиот мотоцикл се расипа па тој беше приморан да влезе во боксот. И покрај обидите на механичарите Бузалковски не успеа да го оспособи мотоциклот и првиот викенд во класата F600 за жал го заврши без пласман.

Во класата СП125 на првата трка стартуваше одлично и направи предност од една секунда,но по удар во асвалтот шалтерот за менување му се искриви па мораше да менува брзини со рака. На крајот на првата трка сепак и покрај проблемите со мотоциклот тој заврши на втората позиција. На втората трка тој возеше одлично, без никакви проблеми и заслужено ја забележа првата победа во сезоната.

Во категоријата мотокрос Ендуро Тим Водно овој викенд се представи со двајца возачи кои што ја возеа првата трка за Србскиот Шамионат која се одржа во Крушевац – Србија.

Во класата МХ2 Христијан Станковиќ се квалификуваше на второто место на само 0,6 секунди од прво квалификуваниот. Во класата МХБ Виктор Караколев беше квалификуван на седмата позиција во конкуренција од 25 возачи.

Во неделата се возеа две трки,на првата трка Христијан Станковиќ ја задржа истата позиција од квалификациите и трката ја заврши на второто месето. Во втората трка во голема борба со конкуранцијата успеа да се избори за победа и заврши на првотоместо.

Виктор Караколев на трката во класата МХБ ја задржа истата позиција од квалификациите и трката ја заврши на седмото место.

Ова најавува одличен почеток на сезоната за Мото Клубот Ендуро Тим Водно од Скопје

Share.

Leave A Reply