Првите гости од светскиот хокеј во Скопје во далечната 1969

0

На 24 февруари во 1969 во Скопје беше реализирана група од Светското првенство во хокеј на мраз. Во престолнината гостуваа селекциите на: Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, Бугарија и Данска.

За потребите на шампионатот започна изградбата на лизгалиштето под Кале. Првенството го следеле околу 70 новинари а се водела комплетна статистика за стрелците, асистенциите, исклучувањата. Во групата „Ц“ биле одиграни 16 натпревари a Јапонците завршија како први пред Швајцарија, Унгаријa и Холандија.

Клубот Скопје веднаш по првенството се преименува во Вардар а тимот конечно по 10 години можеше да настапи на свој мраз.

Share.

Leave A Reply