Прво тестирање за корона , потоа тренинзи и мечеви

0

Сите 22 екипи што ќе бидат дел од завршницата на тековната сезона во кошаркарската НБА лига, ќе бидат тестирани за Ковид-19 на 23 јуни.

Според најавата, тестирањето ќе биде во континуитет и ќе трае до почетокот на тренинзите предвидени во комплексот – „Дизни Ворлд“ во Орландо во кој ќе се реализираат и натпреварите по скратена програма.

Сите екипи треба да пристигнат на Флорида во терминот од 7 до 9 јули а камповите за тренинг ќе може да ги користат до 30 јули.

Share.

Leave A Reply