Прволигашите ќе чекаат нов датум за почетокот за првенството

0

Ракометната федерација на Македонија соочена со серијата заболени од корона во Супер-лигата донесе одлука да ја одложи новата сезона во машката Прва лига.

Таму возбудувањата требаше да стартуваат во текот на викендот, но, тоа нема да се случи. Новиот датум за почеток  на лигата ќе биде дополнително одреден.

Досега заболени со ковид-19 имаше во екипите на Работнички, КЛ7, Охрид , Струга и Радовиш кои се дел од Супер-лигата.

Share.

Leave A Reply