Првото ракометно дерби ќе биде во Автокоманда

0

Попладнево во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа формирани двете групи со кои ќе стартува новата сезона во Супер- лигата.

Првото дерби ќе биде веднаш во групата „Б“ . Таму Металург ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2. Тука во првото коло ќе се сретнат: Работнички со Бутел Скопје и Младост против Тиквеш. Слободна ќе биде екипата на Прилеп.  Во групата „А“ во првата рунда ќе ги имаме мечевите: Јуниор К.В-Пролет, Астраион Хендбол-Радовиш и Голден Арт КЛ7 – Охрид. Слободна ќе биде екипата на Струга.

Во првата фаза од шампионатот ќе ги нема Вардар и Еурофарм Пелистер кои ќе не претставуваат во СЕХА лигата. Тие ќе се вклучат во финишот кога ќе се водат битките за шампионската титула. Новата сезона треба да започне на 12 септември.

Share.

Leave A Reply