ПСЖ донираше за борба против корона-вирусот.

0

Францускиот клуб издвои 100.000 евра, кои се донирани во добротворен фонд за разни намени.

Станува збор за набавка на медицинска и санитарна опрема за лекарите, обука на 2.000 волонтери; набавка на 5000 помагала за наставниците и за студентите кои не можат да посетуваат часови.

Дел од парите ќе бидат наменети за финансирање на приватните засолништа кои им помагаат на околу 900 бездомници како и за помош на старите и осамените лица на кои им се доставуваат 10 илјади пакувања храна и производи за хигиена.

 

Share.

Leave A Reply