ПСЖ го продолжи договорот со Томас Тухел до 2021 година

0

Од францускиот шампион ПСЖ официјално објавија дека го продолжиле договорот на тренерот Томас Тухел до 2021 година, а досегашниот договор истекуваше на крајот на следната сезона.

Германскиот специјалист го донесе тимот до титулата во Лига 1 уште во деби сезоната на „Парк де Пренс”, но имаше разочарувања во Лигата на Шампионите и домашниот куп. Тоа ги натера медиумите да пишуваат за неговата иднина во клубот, но раководството покажа дека се уште имаат доверба во тренерот.

„Среќен сум што го продолжив договорот и посветеноста на Париз Сен Жермен. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и на целиот клуб за нивната верба во мене и во мојот тим. Ова само ја зајакнува мојата амбиција да го доведем овој тим на апсолутен врв преку напорна работа. Исто така, јас сум многу трогнат од поддршката на нашите навивачи. Убеден сум дека најдоброто допрва доаѓа за нашиот клуб”, изјави Тухел за официјалниот сајт на ПСЖ.

Share.

Leave A Reply