ПСЖ казнет поради расизам

0

Француската фудбалска лига го казни Париз Сен Жермен со 100.000 евра, откако откриле дека неколку години наназад скаутите на клубот ги делат младите фудбалери по етничка основа.

Дисциплинската комисија ја донесе одлуката откако ги сослуша сите поранешни и сегашни членови на тимот од 2013 до 2018 година, како и генералниот менаџер Жан-Клод Блан. Етничкиот скандал во Париз Сен Жермен излезе на виделина во ноември минатата година, кога „Медиапарт“ и „Фудбал Лијкс“ откриле документи од клубот и работата на скаутите на овој тим.

Во него, младите играчи беа поделени во четири различни категории: Французи, Северно Африканци, Западна Индија и Црнокожни Африканци. Во Франција е нелегално собирање на податоци со кои се открива расното или етничкото потекло на луѓето.

Share.

Leave A Reply