Раководството на ПСЖ има намера да го задржи во своите редови напаѓачот Мауро Икарди, кој беше позајмен од Интер за една сезона, јавуваат медиумите во Франција.
ПСЖ му понудил на Икарди договор со плата од 10 милиони евра годишно плус бонуси. Се очекува Интер да се согласи да се раздели со 27-годишен Аргентинец за 55 до 60 милиони евра. Преговорите меѓу клубовите и Ванда Нара , сопруга и агент на фудбалерот, се во напредна фаза.
Договорот на Мауро Икарди со Интер е до 30 јуни 2022 година. Минатото лето, тренерот на Интер, Антонио Конте му стави до знаење на напаѓачот дека нема да смета на него. Во сезоната која предвреме заврши во Франција, Икарди постигна 20 гола и даде 4 асистенции на 31 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања.