ПСЖ му нуди плата од 30 милиони евра годишно на Мбапе

0

Напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе може да го продолжи договорот со клубот, според добро упатените извори блиски до клубот и играчот.

Клубот од Париз сака да потпише петгодишен договор со 20-годишниот Французин со плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси. Реал Мадрид има силен интерес за младиот талент, но претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи нема намера да го продаде играчот.

Оваа сезона Мбапе има 11 настапи во сите натпреварувања, а на нив успеа да постигне 9 гола и 3 асистенции.

Share.

Leave A Reply