ПСЖ му понудил бланко чек на Френки Де Јонг

0

Битката помеѓу Барселона и ПСЖ за потпишување на Френки де Јонг од Ајакс станува се по жестока. Во последните денови, медиумите наизменично го менуваа името на фаворитот меѓу овие два клуба како идна дестинација за Холанѓанецот.

Според шпанските медиуми, Французите биле шокирани од посетата на претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу на Амстердам, па оттука и нивниот клучен адут кој беше објавен денес.

Богатите сопственици на ПСЖ му понудиле на Де Јонг празен чек за сам да си ја напише висината на платата која сака да ја добие во Париз. Понудата е секако удар за Барселонаа, бидејќи оваа екипа нема планирано високи финансиски средства за купување на овој играч.

Од „Камп Ноу“ му кажале на Де Јонг и неговиот агент дека не можат да понудат толку многу пари, но му даваат на играчот шанса да учи од најдобрите во светот – Лео Меси. Како и да е тој би играл во многу посилно првенство.

Како што знаеме, имаше голем интерес за овој фудбалер од уште два клуба – Баерн Минхен и Манчестер Сити. Во последниве денови, сепак, тие се веќе надвор од играта за потпис на фудбалерот кој сега е меѓу Барселона и ПСЖ.

Share.

Leave A Reply