ПСЖ го убедува Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед да не потпишува нов договор со тимот, за да може да си замине без сума за трансфер следното лето, пишува англиското издание на „Експрес“.
Со оглед на затегнатите финансиски правила и веројатноста за кршење на правилата на финансиски фер плеј, парижаните не се сигурни дека во моментов можат да си дозволат да платат 60 милиони фунти за голманот на Манчестер Јунајтед уште во текот на летото.
Тимот од Париз му ветил голем бонус на Шпанецот, ако по една година се пресели кај нив со слободен трансфер. Добро е познато дека Де Геа веќе подолг период не се одлучил за нов договор со Манчестер Јунајтед посебно откако раководството очигледно не сака да ги исполни неговите финансиски барања за значително зголемување на платата.