ПСЖ подготвен да преговара со Реал за размена, Нејмар за Винисиус и Модриќ

0

Раководството на ПСЖ е подготвено да разговара за трансферот на нивниот напаѓач Нејмар во Реал Мадрид доколку во договорот бидат вклучени двајца играчи од мадридскиот клуб – играчот од средниот ред Лука Модриќ и крилниот напаѓач Винисиус Жуниор, објави весникот „Марка“.

Според истиот извор, од ПСЖ закале да биде вклучен уште еден играч, Каземиро. Сепак, од „Сантијаго Бернабеу“ не сакале ни да помизлат за ваков договор затоа што сметаат дека 19-годишниот фудбалер Винисиус е потенцијал што ќе стане клучен играч во тимот во иднина.

Исто така објавено е дека Барселона важи за фаворит во борбата за Нејмар. Каталонскиот клуб и ПСЖ преговараат за евентуалното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“, а Реал Мадрид ја следи состојбата околу овој трансфер.

Share.

Leave A Reply