Една од големите ѕвезди на италијанскиот шампион Јувентус Пауло Дибала може да се пресели во ПСЖ, објавија медиумите во Франција.
Според последните вести, неговите претставници веќе контактирале со францускиот шампион. Дибала не е среќен во Италија и веќе го информираше своето семејство дека планира да ја напушти земјата и да игра во Париз.
Не е јасно како на ова ќе реагираат од Јувентус, но сигурно тимот од Торино нема да го задржи во своите редови доколку играчот нема желба да остане.
Минатата сезона Дибала постигна 26 гола и асистираше за уште седум во вкупно 46 натпревари од сите натпреварувања.