ПСЖ подготвува уште еден трансфер, го сакаат голманот Де Геа

0

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е подготвен да направи уште еден голем трансфер. Нова цел на сопственикот на ПСЖ е голманот на Манчестер Јунајтед  Давид де Геа.

На „Паркот на Принцовите” не се особено задоволни во последно време од двајцата голмани Кевин Трап и Алфонсо Ареола. Поради оваа причина клубот планира да ги ослободи и на нивно место да донесе голман од светска класа. Прв на списокот на посакувани е Давид де Геа.

Тие сакаат да го привлечат Шпанецот со понуда за огромна плата. Французите сакаат да направат голманот да не пресели во Реал Мадрид и да не потпише нов договор со Манчестер Јунајтед. Тековниот договор на Де Геа истекува во 2019 година, но ПСЖ ќе се обиде да го земе порано во своите редови.

За да го убедат да го прифати нивниот предлог, Французите се подготвени да му платат огромен бонус во висина од 30 милиони евра при потпишувањето. Покрај тоа, парижаните ќе направат Де Геа да биде најскапиот голман во светот.

Share.

Leave A Reply