ПСЖ тргнува по Донарума

0

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ ќе се обиде да донесе нов италијански чувар на голот за следната сезона. Според информации од Италија, парижани

се подготвени да платат 50 милиони евра за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Доаѓањето на Донарума во голема мера ќе зависи од пласманот на Милан во првенството оваа сезона. Доколку „росонерите“ не успеат да обезбедат место кое води во Лигата на шампионите, тие речиси сигурно ќе треба да се разделат со некои од најдобрите играчи за да влезат во финансискиот фер-плеј.

Ако Донарума, сепак, остане во Милано, втора опција за засилување на голманската позиција е 32-годишниот чувар на мрежата на Реал (М), Кејлор Навас.

Share.

Leave A Reply