ПСЖ тргнува по потписот на Милинковиќ- Савиќ

0

ПСЖ во моментов е пред договарање на останување на Мауро Икарди во Париз, но размислува и за нови имиња во новата сезона.

Челните луѓе на парижаните веќе започнале да прават планови за следната сезона, а според последните информации на списокот на желби е првата ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

ПСЖ долго време е заинтересиран за услугите на српскиот репрезентативец, но се чини дека ова лето се решени да го доведет во своите редови. Како што пренесуваат француските медиуми,  од ПСЖ веќе подготвиле понуда во висина од 60 милиони евра.

Најверојатно дека од Лацио нема да ја прифатат оваа понуда и ќе бараат уште најмалку 20 милиони, или пак вклучување на некој играч на ПСЖ како дел од овој трансфер. Конкурент на ПСЖ за потписот на Милинковиќ-Савиќ се Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед.

Share.

Leave A Reply