ПСЖ в петок ќе го договори трансферот на Де Јонг

0

ПСЖ го делат часови од финализација на трансферот на младата ѕвезда на холандски Ајакс, Френки де Јонг. Французите веројатно ја добија битката со Барселона и Манчестер Сити за потписот на младиот фудбалер.

Според информации од проверени извори до кои дојдоа некои медиуми, следната фаза од преговорите ќе се одржи во петок и тогаш практично ќе има детали за финалната одлука. Многумина сметаат дека де Јонг уште овој јануари ќе се пресели во париз.

Ајакс за него бара 75 милиони евра, а ако договорот со ПСЖ стане факт тој ќе парафира договор на 5 години.

Share.

Leave A Reply