ПСЖ во јануари ќе го продаде Рабио

0

Првите луѓе на ПСЖ не се подготвени да ризикуваат и да го загубат младиот Рабио без пари, па затоа пред истекот на неговиот договор се подготвени да го продадат уште оваа зима.

Според „Ле Паризиен“, спортски директор Антеро Енрике во моментов работи на потенцијалната продажба на францускиот фудбалер на зимскиот трансфер прозорец. Енрике е загрижен за неговата репутација и имиџ во клубот и смета дека е неприфатливо тој да си замине како слободен играч.

Рабио веќе две години е во наводни преговори со ПСЖ з апродолжување на договорот, но засега резултати од преговорите нема, а младиот француски фудбалер е упорен дека сака да си замине.

Share.

Leave A Reply