Пулев сепак нема да боксува со Џошуа

0

Бугарскиот боксер, Кубрат Пулев, поради повреда нема да се појави на мечот со Ентони Џошуа кој требаше да се реализира на 28 октомври во Кардиф. Тоа значи дека повозрасниот од браќата Пулеви ќе остане без сериозни финансиски средства и нема да биде кандидат за титулата.

„Тој ја загуби задолжителната позиција како претендент за титулата. Пропушти и неверојатна шанса да заработи многу пари“ изјави боксерскиот менаџер, Еди Херн.

Веста дека Кубрат нема да се појави на долго очекуваниот спектакл доаѓа само еден ден откако неговиот помал брат изјави дека очекува интересен дуел.

Share.

Leave A Reply