Работнички и Блокотехна ќе играат во финале

0

Кошаркарите на Блокотехна и Работнички ќе го играат финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија.

Екипата на Блокотехна беше поуспешна во првото ½ финале од Гостива совладувајќи го со 92:87 иако на полувреме имаа негатива од -10 (44:54), сепак во финишот од натпрерварот дојдоа до победа со пресврт во последните минути од средбата.

Во второто полуфинале во кое играа големите ривали Работнички и МЗТ Скопје, поуспешен беше тимот на Работнички кој со оваа победа од 93:89 (во регуларно време 72:72) по две пордолженија избори настап во финалето против Блокотехна кое ќе се игра в недела од 17.30 часот.

Како предигра на ова финале ќе биде одиграно и финалето во женска конкуренција помеѓу Бадел и Вардар. Тимот ан бадел во ½ финалето ја совлада Струга со 59:40, додека Вардар беше поуспешен од Работнички со 73:48 и утре во 14.30 ќе играат за Куп трофејот во Гевгелија.

Share.

Leave A Reply