Кошаркарскиот состав на Работнички ќе треба да плати казна од 60.000 денари поради слаба органзиација на вечното дерби со МЗТ Скопје одиграно во салата во Градски парк во Скопје.
Комесарот за натпреварување во МКФ, Владимир Цветковски, воедно ги казни и популарните „штркови“ со 20.000 денари бидејќи нивните фанови на споменатиот натпревар запалија „чадна бомба“.
На тапет кај комесарот се најде и директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, бидејќи преку социјалните мрежи упати критики кон судиите. Според наведеното, против него ќе биде покрената дисциплинска постапка.