Кошаркарскиот состав на Работнички пред стартот на финалната серија во плеј-офот со МЗТ Скопје, испрати соопштение до јавноста.
– Работнички донесе одлука дека нема да прифати организирана гостинска навивачка група. Оваа постапка не ја покренуваме заради некаква скриена намера, туку, поради последните случувања во салата „Градски Парк“ кога настана прекин поради фрлање на тврди предмети, плукање и недолично однесување. Инцидентот беше предзвикан токму од трибината на која беше сместена гостинската навивачка група а клубот беше парично казнет“ – се вели во дел од соопштението на Работнички.
-Свесни сме за капацитетот и условите кои ги нуди салата „Градски Парк“ и затоа за нас е тоа единствено решение за да може на достоинствен начин и без можни провокации и прекини да заврши се во најдобар ред“ – се потенцира кон крајот на соопштението на КК Работнички