Работнички обезбеди место во ЛЕ, Победа ќе игра бараж

0

Работнички во Лигата на Европа, Победа во плеј-оф меч за опстанок. Вака изгледа епилогот по мечевите од последното 36 коло во домашното првенство.

„Романтичарите“ со 3:2 го победија Скопје и со трите освоени бода го задржаа третото место на табелата. Скопје со овој пораз заминува во Втората лига, додека Победа која ја победи Ренова со 1:0 се избори за бараж.

Шкупи убедливо со 4:1 го совлада анемичниот Вардар, па сега чаирчани ќе се надеваат дека Шкендија ќе го освои Купот на Македонија, за да може Шкупи да заиграат во Лигата на Европа.

Резултати од последното коло: Шкупи – Вардар 4:1, Шкендија – Пелистер 4:0, Работнички – Скопје 3:2, Победа – Ренова 1:0, Академија Пандев – Силекс 1:2.

Конечна табела: Шкендија 91 бодови, Вардар 56, Работнички 52, Шкупи 51, Силекс 50, Академија Пандев 42, Ренова 41, Победа 38, Скопје 35, Пелистер 34.

Share.

Leave A Reply