Работнички со победа ќе патува на реваншот во Будимпешта

0

Фудбалерите на Работнички кој е наш претставник во Лигата на Европа, ги почна настапите во најмасовното европско фудбалско натпреварување со победа од 2:1 (1:1) на домашен терен против унгарскиот преставник  Хонвед.

Работнички успеа да ги реализираа своите шанси, но може да жалат затоа што оваа победа на крајот не беше поубедлива. Хонвед од друга страна не беше некоја екипа која покажа голема креативнос, својата шанса ја гледаше су удари од далечина. Наѓ беше стрелец на единствениот гол за Хонвед, додека за Работнички погодија Петар Петковски и Николче Шаркоски, а во финишот од мечот добри шанси пропуштија Џефри и Филип Петковски.

Домашната екипа поведе со голот на Петар Петковски, кој во 34. минута доби одлична топка од Пеев, излезе еден на еден пред голманот Гроф и го отвори резултатот. Гостите успеаа да изедначат во финишот од првиот делсо прекрасниот гол на Наѓ. Предноста Работнички ја врати во 60. минута, кога погоди Николче Шаркоски, по одлична асистенција на Стевановиќ.

Реваншот натпреварот меѓу Хонвед и Работнички во Будимпешта се игра на 17 јули од 18.00 часот.

Share.

Leave A Reply