Работнички победи во мајсторката и влезе во големото финале

0

Кошаркарите на Работнички успеаа да го совладаат тимот на Блокотехна со 88 спрема 78 и да си обезбедат место во големото финале против МЗТ Скопје.

Во мајсторката одиграна во Скопје гледавме изедначена игра се до самиот финиш кога домаќинот направи солидна предност од шест поени и успеа да го скрши отпорот на гостите. Интернационалецот, Чавдар Костов со 27 поени и 11 скокови беше лидер кај Работнички пред Чековски постигна 16 поени додека кај гостите се наметнаа Мијатовиќ со 22 и Младеновиќ со 21 кош.

Финалната серија за титулата меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе започне в петок во СЦ Јане Сандански од 17.30 часот.

Share.

Leave A Reply