Работнични го победи Куманово и си обезбеди финале

0

Кошаркарите на Работнички обезбедија пласман во финалето од кошаркарското првенство на Македонија. Работнички и по трет пат беше подобар од Куманово, вечерва славеше со 81:65 и на тој начин со вкупни 3-0 обезбеди настап во финалето каде ќе може да се бори за титулата.

Кошаркарите предводени ид Марин Докузовски уште во првиот период кој го добија со 24:9 покажаа дека се решени се да решат уште вечерва и да не пропуштат ништо на случајноста, односно да си обезбедат финале на домашен терен.

Најефикасни во редовите на Работнички беа Маркус Гинјард и Шон Еванс со по 17 поени, а кај Куманово, најдобар беше Стајиќ со 15 поени.

Во финалето кошаркарите на Работнички ќе играат со победникот од втората полуфинална пресметка , меѓу МЗТ Скопје и Блокотехна, каде во моментов екипата на МЗТ Скопје има предност по вчерашната победа, но следниот меч се игра на теренот на Блокотехна.

Share.

Leave A Reply