Радовиќ доаѓа во Битола

0

Еурофарм Работник кој е лидер на табелата во досегашниот дел од сезоната во ракометната Супер лигата, денеска го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок.

Битолскиот клуб се засили со црногорскиот репрезентативец, Мирко Радовиќ, кој доаѓа од Ловќен од Цетиње. 28-годишниот играч ќе ја засили десната крилна позиција а може да игра и како десен бек. Црногорецот настапуваше и за Будуќност, Валанс од Франција и Цеглед од Унгарија.

Радовиќ ќе се приклучи на екипата на Еурофарм работник во Србија и ќе дебитира во Хановер во првото коло од групната фаза на ЕХФ Купот.

Share.

Leave A Reply